Азар ја промени опремата, но еден детаљ ги воодушеви фановите на Челси (Фото)

azar-case

Еден Азар заедно со своите нови соиграчи од Реал Мадрид се наоѓа во Канада каде „кралевите“ ги стартуваа летните подготовки, но еден детаљ од пристигнувањето на експедицијата во Монтреал посебно им го привлече фокусот и на фановите на Челси.

Азар одлучи да го напушти Челси после цели седум години за да го исполни својот детски сон со трансфер во Реал Мадрид, но сега ги воодушеви фановите на клубот од Лондон откако еден детаљ од неговиот мобилен телефон докажува дека и натаму му е блиску до срце клубот кој неодамна го напушти.

Белгиската ѕвезда на телефонот има маска на која неговите три деца се облечени во дресовите на Челси, а тоа секако ги воодушеви фановите на англискиот премиерлигаш кои до неодамна се радуваат на неговите мајстории.

azar-case1

Facebook Коментари