Азар испрати порака околу неговата иднина на „Стемфорд Бриџ“

Белгискиот репрезентативец, Еден Азар еден од клучните играчи на Челси во изминативе неколку сезони во кои кога тој е на посакуваното ниво резултатите секогаш се позитивни.

Ама неговото име сега и во минатото често се поврзува со преселба во Реал Мадрид, опција која навистина може да стане реална особено ако „кралевите“ не ја одработат оваа кампања на посакуваното ниво.

Тоа неодамна го најави и новинарот Гилјем Балаг кој одлично ги познава состојбите во шпанскиот фудбал, па воедно посочи дека Еден Азар и Тибо Куртоа ќе бидат трансфер мети за „кралевите“.

Останува да видиме каква ќе биде реакцијата на Челси, но Азар и дефинитивно разјасни дека многу работи ќе зависат од неговиот добар пријател Куртоа и дали тој ќе остане во Лондон.

Имено на прашањето на „Мирор“ дали ќе потпише нов договор со „сините“ кратко порача.

-Да, ама прво тоа треба да го направи Куртоа. Потоа и јас ќе потпишам, -порачала „десетката“ на „сините“.

Facebook Коментари