Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Азар им се извини на фановите на Реал за однесувањето на „Стемфорд Бриџ“

Објавено

на

Еден Азар настапи против Челси и имаше уште едно бледо издание во дресот на Реал Мадрид, а за да ја дополни негативната слика се погрижи со потегот по завршувањето на средбата.

Навивачите на Реал Мадрид очекувано беа разочарани од елиминацијата во Лигата на шампионите, па Азар непотребно се „истакна“ со сцената во која тв камерите го уловија како во одлично расположение и насмевка на лицето разговара со двајца фудбалери на Челси.

Азар доби многу реакции на своја сметка, па денеска реши да се извини за потегот.

– Жал ми е, прочитав многу коментари на моја сметка и сакам да кажам дека не сакав да ги навредам навивачите на Реал Мадрид.

– Мене отсекогаш ми беше сон да настапувам за оваа екипа и тука дојдов да победувам. Сезоната не е завршена и мора заедно да се бориме за титулата во шпанското првенство, – порачал Азар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни