Поврзете се со нас

Светски првенства

Азар ги истрола Германците: Подобро ќе им беше да победат

Објавено

на

Foto:twitter.com/BelRedDevils

Германската фудбалска репрезентација испрати порака со гестот на фудбалерите при правењето на традиционалната групна фотографија пред дуелот со Јапонија, но потоа ги разочара фановите со поразот на СП во Катар.

Голот на Гундоган не беше доволен за позитивен мундијалски старт, а на крајот донекаде и го засени потегот кој беше реакција до ФИФА за забраната за носење на капитенската лента „One Love“.

Еден Азар по триумфот на Белгија над Канада бил прашан за негово мислење околу потегот на Германците, а тој им фатил сеир за поразот.

– Го направија тоа, но подоцна загубија.

– Подобро ќе им беше наместо да прават такво нешто, да победат.

– Тука сме да играме фудбал, а не да испраќаме политички пораки, – изјавил Азар.

Германците испратија силна порака: Сите играчи со идентичен гест за време на тимската слика (Фото)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни