Поврзете се со нас

Лига Европа

Аз Алкмар го шокираше Наполи, Обамејанг го комплетираше пресвртот на Арсенал во Виена (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Аз Алкмар направи големото изненадување и славеше над Наполи со 1-0 во вечерашниот меч на „Сан Паоло“ во рамките на првото коло во Лига Европа.

Гостите од Холандија допатуваа во Италија без доста играчи со оглед на позитивните тестови на КОВИД-19, ама без разлика на тоа со една цврста, машка игра се изборија за славје против една од екипите која важи за претендент за титулата во ова натпреварување.

Автор на голот вреден три бода беше Де Вит во 57 минута на асистенција на Свенсон.

Арсенал се избори за победнички старт и тоа откако со пресврт славеше над Рапид во Виена. Фунтас во 51 минута погоди за водство на домаќините, Луиз во 70 израмни на 1-1, додека пак нововлезениот Обамејанг во 74 го постави конечниот резултат.



Реклама
Реклама
Реклама

Популарни