Автомобилистичката федерација се оградува од инцидентите на трката во Скопје

Skopje krug 2017-1

Автомобилистичка федерација на Македонија (АФМ) изразува длабока жалост за учесниците во денешниот инцидент кој се случи на кружната трка во Скопје и се оградува од секаква одговорност за настанатиот инцидент на  трката, бидејќи трката беше  организирана од лица кои не се членови на Федерацијата.

Според АФМ, ова е спротивно на сите правила на Федерацијата односно без задолжителни безбедносни мерки за организирање на вакви натпревари. АФМ укажала на сите органи кои ја поддржаа вака организирааната трка.

АФМ очекува во иднина да не се дозволи да се организираат натпревари од неовластени организатори, спротивно на правилата на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА).

Facebook Коментари