Поврзете се со нас

Италија

Автогол го реши дербито, Интер ја зголеми предноста во трката за Скудетото (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Фудбалерите на Интер се изборија за победа над Јувентус од 1-0 во дерби средбата од 23. коло во италијанската Серија А.

Домаќините на овој начин дополнително си го подотворија патот во трката за Скудетото, трка во која сега имаат четири бода повеќе во однос на вечерашниот противник, плус имаат и уште еден меч за играње во своите нозе што значи дека можат да ја зголемат оваа предност.

Двете екипи упатија двоцифрен број на удари на вечерашното соочување на „Џузепе Меаца“, ама малку од нив беа во рамките на голот. Клучниот момент се случи во 37 минута кога во нафрлањето на Барела, топката го закачи Гати и заврши во мрежата на гостите.

Наредната средба за Интер е против Рома, Јувентус пак го пречекува Удинезе во Торино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни