Македонија
Автобусот на Чаир каменуван во Битола: Овој вандалски чин е спротивен на вредностите на спортот (ВИДЕО)
Чаир 2030 во драматичен и неизвесен меч доживеа пораз од Пелистер со 77-73 на средбата во првата кошаркарска лига во Македонија.
Мечот се решаваше во последната минута во која домаќините со серија од 7-0 дојдоа до предност која беше недостижна, а со тоа и до славје во салата „Боро Чурлевски“.
По средбата скопскиот тим се пожали на навреди, говор на омраза и фрлени предмети кон играчите за да потоа од Чаир стигне и информација дека нивниот автобус бил каменуван во Битола на заминување.
-При враќањето на нашиот тим, автобусот беше нападнат со камења, предизвикувајќи материјална штета и загрозувајќи ја безбедноста на нашите играчи и тимот.
-Овој вандалски чин е апсолутно неприфатлив и е спротивен на вредностите на спортот и почитта меѓу клубовите. Ние најостро го осудуваме овој напад и апелираме до надлежните органи веднаш да преземат мерки за обезбедување на безбедноста на сите учесници во спортските натпревари.
-Кошарката е игра која треба да обединува, а не да разделува. Посветени сме, и покрај ваквите провокации, да го продолжиме нашиот пат со достоинство и професионализам“, стои во соопштението на чаирчани.
-
Англија19 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП13 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија12 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација15 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија12 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија21 час
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија16 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…