Светски првенства
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство

Македонската ракометна репрезентација нема многу време за одмор во пресрет на натпреварите од главната фаза на Светското првенство, па веќе утре, во арената во Вараждин ќе се соочи со селекцијата на Австрија.
Нашите ракометари со посакуван оптимизам се подготвуваат за претстојните три средби во продолжението од мундијалот, но сериозни очекувања има и во австрискиот табор, кој е предводен од поранешниот словенечки репрезентативец, Алеш Пајовиќ.
Во изјава дадена по крајот на првата фаза, во која Австријците имаа ефект од две победи еден пораз (од Франција), Пајовиќ ги најавил следните дуели со најава за сите три нови противници.
– Македонците се многу борбени, играат со срце и карактер, исто како моите момци.
– Имам добро чувство дека ќе освојуваме бодови и во главната фаза. Секогаш постои шанса да доживееме и неуспех на сите три натпревари, но нашиот план е да победуваме, – рекол Пајовиќ, најавувајќи ги и дуелите со Холандија и Унгарија.
– Не сум селектор кој бара изговори и постојано се жали на нешто, но сигурно дека отсуството на играчи како Билик, Божовиќ и Живковиќ е голем удар за нас. Но, како што рече нашиот капитен Фримел уште на стартот, секој мора да даде повеќе и тоа и се случи. Желба, срце и поддршка од трибините, ако продолжиме вака, ќе се радуваме и на натпреварите во Вараждин, – рекол Пајовиќ.
Македонија и Австрија утре од 15:30 часот ќе ја отворат програмата во Вараждин, во групата во која Холандија ќе се соочи со Катар, а во вечерниот термин Унгарија ќе ја предизвика Франција.
-
НБА7 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Лига на шампиони24 часа
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)
-
Англија23 часа
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Англија9 часа
Последното дерби на „Гудисон“ заврши со хаос на теренот, црвен картон заработи и Арне Слот (Видео)
-
Англија8 часа
Венгер посебно изненаден од еден неочекуван јануарски трансфер во Премиер лигата
-
Англија22 часа
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа
-
Англија7 часа
Ван Дајк откри што му порачал на Оливер по последниот судиски свиреж
-
Лига на шампиони8 часа
Бесниот Консеисао одговори на само едно прашање и го напушти пресот (Видео)