Поврзете се со нас

Европски првенства

Австријците решија да се вмешаат во „балканското шоу“ и шокираа со контроверзен транспарент

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/oefb1904

Европското првенство во Германија покрај случувањата на теренот, досега беше одбележано и со „балканското шоу“ на трибините, при што сите земји учеснички не се прославија преку своите навивачи и заработија солидни казни од УЕФА.

Дел од казните се уште не се соопштени, вклучувајќи ја и потенцијалната за албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку, кој ја навредуваше и Македонија, но во меѓувреме во шоуто решија да се вмешаат и австриските фанови.

За да не биде „досадно“, австриските фанови предизвикаа контроверзи со транспарент кој успеале да го внесат на дуелот со Полска и гордо да го покажуваат пред присутниот аудиториум на стадионот во Берлин.

– Брани ја Европа, е слоганот кој стоел на транспарентот, кој во суштина е слоган на ултрадесни и националистички движења во Европа, а се однесува на промена во мигрантската политика на земјите во ЕУ.

– Австриската фудбалска федерација е длабоко загрижена поради фактот што навивачите успеале да внесат ваков транспарент и покрај строгите контроли. Федерацијата и репрезентацијата отсекогаш се залагале за толеранција, диверзитет и интеграција на сите членови во општеството, – стои во соопштението на федерацијата.

Засега е нејасно дали Австријците ќе бидат казнети од УЕФА, но јасно е дека транспарентот предизвика многу реакции низ Европа и дека инцидентот нема да остане незабележан и од дисциплинците на Европската фудбалска федерација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни