Поврзете се со нас

Светски првенства

Австријците го завршија СП зад Македонија, па ја префрлија вината на своите голмани

Објавено

на

Австриската ракометна репрезентација вчера ремизираше против Холандија и на крајот заврши на петтото место во групата од главната фаза на Светското првенство.

Избраниците на Алеш Пајовиќ во конечниот поредок останаа зад Македонија поради послабата гол-разлика и сега ќе бидат пласирани од 17 до 20 место, а во завршните зборови по дознавањето на епилогот, тој и играчите (ин)директно ја префрлија вината на послабите голмани.

Константин Местл и Флоријан Кајпер не се прославија со своите настапи на овој мундијал, а Австријците долго ќе ја паметат несигурната интервенција на вториот по ударот на Филип Кузмановски, со кој Македонија избори реми во последната секунда.

– Не сакам да кажам дека ова што ни се случи е нивна вина, но недостасуваше подобро издание на голманите и тоа е болно.

– Исто така имавме проблеми и со повредите, а среќата ни го сврте грбот и против Македонија. На крајот, сепак сум горд на овие момци, – истакнал селекторот Алеш Пајовиќ.

– Имаме одлични голмани во Местл и Кајпер, но не може на секој турнир да бранат како на последното ЕП. Ние мора да им помогнеме на голманите да имаат полесни одбрани, – рекол капитенот Себастијан Фримел.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни