Поврзете се со нас

АТП

Австриецот Тим стои зад својот контроверзен став: Некои играчи не заслужуваат помош

Објавено

на

Доминик Тим навлече голем гнев кај најголем дел од своите послаборангирани колеги со ставот кој го искажа пред два дена, демонстрирајќи комплетно спротивен став од оној на Новак Ѓоковиќ.

Србинот излезе со иницијатива да им се помогне на играчите со послаб ранг кој трпат сериозна финансиска штета во овие корона услови и побара тениската елита со помош на АТП да им врачи парична инјекција, нешто со што не се согласува последниот финалист на Австралија Опен.

Австриецот нагласи дека не сака да даде дел од своите пари за други играчи во тенисот, а денеска ја појасни својата контроверзна изјава која сигурно ќе му донесе доста непријатели на турот.

– Не отстапувам од своето мислење, едноставно постојат играчи на кои не сакам да им дадам поддршка. Иако моите зборови звучеа прегрубо, вистина е дека има играчи кои не заслужуваат помош. Постојат луѓе и организации на кои им е потребна поголема помош од било кој спортист. Сакам играчите сами да бираат на кого ќе ги распределат своите средства, тогаш ќе добијат помош оние на кои им е најмногу потреба, – појасни Тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни