Поврзете се со нас

Олимписки игри

Австралиски олимпијци мора да останат во карантин 28 дена по враќањето од Токио

Објавено

на

Австралиските спортисти остварија солидни резултати на веќе завршената Олимпијада, но сега дел од нив се најдоа во незавидна позиција поради строгите ковид протоколи.

Дел од олимписката експидиција која слетала во Сиднеј мора да одработи карантин од дури 28 дена, или двојно повеќе од класичниот карантин кој е на сила во Австралија за сите патници од други континенти.

– Не само што се вакцинирани, нашите спортисти престојуваа во строго контролиран меур во олимпиското село и постојано беа тестирани, – изјавил незадоволен претставник на Олимпискиот комитет, кој сепак не промени многу со својата изјава.

Актуелниот карантин во Сиднеј носи двојно подолг карантин, односно навистина долги 28 дена, кои според стручњаците можат да имаат сериозно негативно влијание врз психолошката состојба на спортистите.

Aвстралија ги заврши ЛОИ во Токио на шестото место според успешноста, откако спортистите од оваа земја обезбедија 17 златни, 7 сребрени и 22 бронзени медали.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни