Поврзете се со нас

АТП

Австралиски министер: Невакцинираните тенисери нема да играат на Аустралијан опен

Објавено

на

Тенисерите кои немаат примено две дози вакцина за заштита од ковид-19 нема да учествуваат на грен-слем турнирот Аустралијан Опен.

Ова денеска го потврдил австралискиот министер за имиграција, Алекс Хоук, кој јавно им испратил порака на тениските ѕвезди во однос на турнирот во Мелбурн.

– Нашиот став е дека кога границите ќе бидат отворени, секој кој сака да влезе во Австралија ќе треба да има примено две дози вакцина.

– Немам посебна порака за Новак Ѓоковиќ, туку до сите кои сакаат да дојдат во нашата земја. Правилото за целосна вакцинација важи за сите, па и за тенисерите, – изјавил Хоук.

Ѓоковиќ бил споменат поради шпекулациите дека одбива да се вакцинира, а самиот не сака да го потврди тоа, односно поради фактот што на овој начин турнирот ќе остане без светскиот рекет број еден и најголемиот фаворит за освојување на трофејот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни