Поврзете се со нас

АТП

Австралиската публика го исвирка Ѓоковиќ, па доби лекција од Зверев (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот во полуфиналето на Аустралијан Опен по само еден сет, а причина е мускулната повреда која овојпат не остави простор за менаџирање од страна на српскиот тенисер.

Десеткратниот победник на грен-слемот во Мелбурн мораше да му честита на противникот по тај-брејкот во првиот сет и негатива од 1:0, а публиката реагираше некоректно поради ваквиот епилог.

Во моментите кога ја соопшти одлуката, а и кога го напушташе теренот, Ѓоковиќ беше исвиркан од трибините на тениската арена, нешто што испрати лоша слика за австралиските фанови ширум светот.

Реагираше и неговиот ривал, Саша Зверев, кој ја искара публиката за своето однесување.

– Прво и основно, Ве молам, не исвиркувајте кога тенисер е повреден.

– Знам дека сите сте платиле билет и сакате да видите меч со пет сета, но треба да разберете дека Ѓоковиќ е играч кој има дадено многу за тенисот. Има освоено титула со различни повреди, што значи дека ако не може да продолжи денеска, значи дека навистина не може да продолжи, – рекол Зверев.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни