Поврзете се со нас

АТП

Австралијците му одговорија на Ѓоковиќ: Не се работи за уцена, туку за почитување правила

Објавено

на

Австралиските медиуми ја пренесоа изјавата на таткото на Новак Ѓоковиќ, кој ги обвини тамошните власти дека го уценуваат светскиот рекет број еден, па веднаш стигна одговор од министер во сојузната држава Викторија.

Австралијците бараат сите учесници на Аустралијан Опен да бидат вакцинирани, што Срѓан Ѓоковиќ го толкува како уцена за неговиот син, кој е деветкратен освојувач на грен-слем турнирот во Мелбурн.

– Без разлика што се работи за елитни спортисти, тие мора да ги почитуваат правилата на локалната заедница која ќе биде нивен домаќин.

– Затоа за тенисерите и тенисерките баравме исти правила како за сите жители на Викторија, не се работи за уцена, туку за заштита на луѓето и задржување на исти норми за сите. Сакам Ѓоковиќ да игра на турнирот, но ако не е вакциниран, тоа е негова одлука и одговорност, – изјавил Мартин Пакула, инаку Министер за спорт во сојузната држава Викторија.

Потенцијалните учесници на турнирот треба да се изјаснат до 6. декември дали ќе бидат дел од распоредот во Мелбурн, а засега Ѓоковиќ не се изјаснил по ова прашање.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни