Поврзете се со нас

Олимписки игри

Австралија се закани, Американците одговорија со фуриозно второ полувреме за финале во Токио

Објавено

на

Американската кошаркарска репрезентација е првиот финалист на олимпискиот турнир, а до можноста да го освои златот стигна по убедливата победа над Австралија со резултат 97:78.

„Дрим-тимот“ предводен од Грег Попович имаше лош старт, Австралија го доби првиот период со 24:18, а во вториот период стигна до предност и од високи 15 поени разлика.

Но, Американците не се откажаа туку уште во финишот на тој период стопија најголем дел од предноста, а победата си ја обезбедија во третата делница. Истата ја добија со убедливи 32:10 и го скршија отпорот на амбициозниот противник, па до крајот Австралија немаше никакви шанси да ги расипе сметките на фаворитот.

Дурент со 23 и Букер со 20 поени беа најефикасни во американскиот состав, додека кај Австралија најдобар реализатор беше Милс со 15 поени.

Противник на селекцијата на САД во финалето ќе биде подобриот од дуелот Словенија-Франција кој се игра денеска од 13 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни