Светски првенства
Австралија се остри за Аргентина: Имаат само еден Меси, ние имаме јасна цел

Австралија е едно од пријатните изненадувања на Светското првенство во кое успеа да ја мине групата Д како второпласирана, а тоа значи дека во осминафиналето ќе ги одмери силите со Аргентина.
„Гаучосите“ важат за фаворити на хартија, но во таборот на популарните „сокероси“ се убедени и веруваат дека можат да направат спортско „чудо“.
-Ќе биде натпревар 11 на 11. Нема Аргентина 11 играчи како Меси, туку само еден. За мене Лео е најдобриот фудбалер на сите времиња, но играњето против него не го гледам како чест, бидејќи тој е само човек како и сите нас. Поголема чест е што сме во осминафиналето на Мундијалот, -вели Милош Дегенек.
-„Галските петли“ се веројатно најголемите фаворити за освојување на турнирот. Тоа не е само мое мислење, туку мислење на целата јавност. Иако мислам и дека Аргентина по почетниот пораз се керна на повисоко ниво и сега игра според своите можности. Дополнително е мотивирана од тоа што за Меси ова е последно светско првенство, сака да го заврши со трофеј. Наша задача е да го спречиме во тоа.
-Јас сум голем фан на Меси, веројатно повеќе од него би сакал да го освојам Светското првенство. Шегата на страна, научивме многу од првиот меч против Французите. Можеби покажавме преголема почит кон шампионот на планетата и затоа мислам дека за два дена ќе биде тотално поинаков натпревар, -додава Дегенек.
Средбата Аргентина-Австралија се игра в сабота од 20 часот.
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 21 час
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 15 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар