Аврамовски стрелаше, Вардар ја освои тврдината во Велес

avramovski-1

Вардар на најдобар можен начин ги отворите првите два натпревари во пролетниот дел од сезоната, па така по минатонеделниот триумф над Македонија Ѓорче Петров, денеска „црвено-црните“ го победија Борец кој досега не знаеше за пораз во Велес.

Вардарци ја освоија неосвоивата тврдина на Борец и практично приредија слатка одмазда за нерешениот резултат во Скопје во првиот дел од сезоната, а клучниот момент на денешната средба се случи во првото полувреме. Даниел Аврамовски беше стрелец на единствениот погодок во 33-та минута од мечот, што за него беше 11-ти погодок оваа натпреварувачка сезона во која е вистински лидер на Вардар.

Пред самиот крај, токму Аврамовски можеше и да донесе поуверлива победа за Вардар, но сепак беше за малку непрецизен и резултатот 0:1 се покажа како конечен на средбата во Велес.

 

 

 

Facebook Коментари