Поврзете се со нас

Свет

Аврамовски се врати во Турција со „ножички“ и гол за паметење (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Boluspor

Даниел Аврамовски денеска ја стартуваше својата втора авантура во турскиот фудбал и направи истата да ја памети до крајот на животот, а причина за тоа е начинот на кој се запиша во листата на стрелците.

Досегашниот член на Сараево и поранешен македонски репрезентативец дебитираше на најдобар можен начин во првиот тим на Болуспор, бидејќи режираше атракција за сите пари.

Македонскиот фудбалер изведе акробација и со „ножички“ го постигна првиот гол во дресот на Болуспор, а единствено штета е што тоа не беше доволно за победа.

Популарниот Цујо го донесе својот тим во водство, но потоа еден соиграч доби црвен картон пред крајот на првиот дел и на крајот Болуспор не го задржа водството.

Натпреварот против Аданаспор заврши 1:1, а Аврамовски ги одигра сите 90 минути.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни