Аврамовски го докусури ХЈК, Олимпија ќе се бори за влез во групната фаза на ЛЕ (Видео)

avramovski

Иван Тричковски беше супер расположен и со хет-трик го матираше составот на Штурм, но тука не е крајот на погодоците на македонските интернационалци во квалификациите за Лига Европа, бидејќи Даниел Аврамовски стрелаше за својата Олимпија Љубљана на пресметката против ХЈК Хелсинки.

Поранешниот македонски младински репрезентативец ја затресе мрежата на домаќините во 72 минута и во тие моменти зголемина 2-0. До крајот актуелниот словенечки шампион постигна уште два гола за конечни 4-1 или севпупни 7-1 во оваа пресметка.

За да Даниел и неговите соиграчи дојдат до главата фаза во ЛЕ ќе мора да го минат плејофот, а таму за тивал го имаат тимот на Трнава од Словачка.

Facebook Коментари