Поврзете се со нас

Балкан

Аврамовски асистираше за потврда на победата на Сараево (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FudbalskiklubSarajevo

Македонскиот интернационалец, Даниел Аврамовски имаше своја улога во денешната победа на Сараево над Посушје во првата лига на Босна и Херцеговина.

Домаќините го потврдија фаворитскиот статус и славеа со 3-1 во средба во која Аврамовски влезе од клупата за резерви и запиша асистенција при погодокот на Жиљкиќ во 83 минута. Популарниот Цујо можеше да забележи и втора асистенција, но Жиљкиќ ја погоди само рамката од голот на гостите.

Сараево има лоша сезона и со 32 бода се наоѓа само на 6 место на првологашката табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни