Поврзете се со нас

Англија

Авион слетал принудно во Канада поради здравствен проблем на англиска легенда

Објавено

на

Стјуарт Пирс е англиска фудбалска легенда со голем број настапи во повеќе клубови во својата земја, но и англиската репрезентација чиј капитен беше во еден период.

Популарниот „Психо“ се соочил со сериозен здравствен проблем за време на авионски лет од Лас Вегас до Лондон, при што екипажот се решил за принудно слетување.

Сопатникот на Пирс и останатите патници забележале дека фудбалската легенда се соочува со големи болки, за авионот принудно да слета во Канада, каде Пирс е хоспитализиран и во моментов се опоравува од проблемот кој не е прецизиран од медиумите.

Авионот подоцна продолжил по својата рута, но стигнал шест часа подоцна на аеродромот „Хитроу“ во Лондон.

Пирс бил во Лас Вегас за да следи рагби меч, по што се враќал кон татковината каде работи како стручен коментатор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни