Авантуристот Вилјаш-Боаш имаше успешен старт на Рели Дакар

villas-boas1

Познатиот фудбалски тренер Андре Вилјаш-Боаш реши привремено да ја паузира својата примарна професија и да го оствари својот животен сон, а тоа е учеството на легендарното Рели Дакар.

Португалецот и неговиот тимски колега официјално го започнаа натпреварувањето во конкуренција на автомобили, а Вилјаш-Боаш со својата Тојота Хилукс стигна до 42. место во првата етапа која се возеше во Перу, за денеска да го освои 44. место на втората етапа во Писко.

Вилјаш-Боаш доцни 3:36 часа зад лидерот Сирил Деспре, но дефинитивно ужива во искуството кое го посакуваше долго време.

villas-boas2

Facebook Коментари