Поврзете се со нас

Италија

Аузилио призна дека Интер почнал преговори со два слободни агенти: Работиме на операциите

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Пјеро Аузилио е фудбалски работник на Интер речиси две децении, но последните десет ги извршува како спортски директор и има важна улога во сите операции кои ги прават „нераѕурите“.

Аузилио доби шанса да соработува со извонредниот Бепе Марота и овој тандем веќе донесе неколку интересни играчи на „Џузепе Меаца“, но се чини дека најслатки се оние за кои не се исплаќа ниту едно евро.

Марота беше препознатлив како специјалист за слободни агенти уште во времето во Јувентус, а сега со помош на Аузилио продолжува во исто темпо и последни двајца играчи на нивниот радар се Мехди Тареми од Порто и Пјотр Зиелински од Наполи.

Двајцата се слободни агенти и можат да преговараат со било кој клуб во периодот до крајот на сезоната, па јасно е дека целта на Интер е да ги потпише уште во раната фаза на летниот преоден рок.

– Тареми и Зиелински? Вистина е дека работиме на двете операции, но не се ограничуваме со време. Не постои ултиматум во двете ситуации. Ги информиравме нивните клубови дека започнавме преговори со нивните играчи и ќе дознаете кога ќе има нешто официјално, – откри Аузилио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни