Аутсајдерот СПАЛ направи големо изненадување и ја прекина победничката серија на Јувентус (Видео)

dibala-spal

Јувентус влезе со серија од 12 последователни победи во Серија А на денешното гостување кај аутсајдеро СПАЛ, но наместо рутинска победа, шампионот како да подзаспа во бавното темпо кое го наметнаа домаќините, па на крајот загуби драгоцени два бода во трката за шампионската титула.

Клубот од Торино ја имаше топката во своите нозе во текот на сите 90 минути, но едноставно не успеа да пронајде решение за гранитната одбрана на СПАЛ која се покажа како неверојатно дисциплинирана, без речиси ниту еден пропуст. Таквиот пристап на домаќините ги фрустрираше гостите од Торино кои влегоа со почетните 0:0 и во самата завршница, а иако во последните десет минути теренската иницијатива беше комплетно на нивна страна, сепак не успеаја да создадат сериозна шанса за гол.

На крајот, СПАЛ освои огромен и неочекуван бод и ја прекина неверојатната победничка серија на Јувентус, а ова најмногу ќе ги израдува фановите на Наполи кои сега ќе очекуваа победа од нивните миленици на утрешниот меч со Џенова.

Facebook Коментари