Поврзете се со нас

Италија

Аусилио: Лукаку е дел од минатото на Интер, со него завршивме на 8 јули!

Објавено

на

Ромелу Лукаку има две епизоди во калчолигашот Интер со тоа што оваа втората немаше посакуван крај и сега Белгиецот е омразен лик на „Џузепе Меаца“.

Напаѓачот имаше можност да направи перманентен трансфер во Интер, калчолигашот преговараше со Челси за да во одреден момент пукне работата откако „нероаѕурите“ забелажаа дека играчот има контакти и со Јувентус за да на крајот се откажат од операцијата, се насочат кон други цели, додека пак Лукаку заврши во Рома.

Ромелу се врати во Милано претходниов викенд и беше „топло“ пречекан од навивачите на Интер, а во меѓувреме директорот на клубот, Пјеро Аусилио се обиде да објасни што се случило претходното лето.

-Преферирам да не зборувам за играч кој е во друг клуб, никогаш не сум го правел тоа во последните месеци. Само велам дека сакам да размислувам за сегашноста и иднината, а Лукаку е дел од минатото. Со него освоивме Скудето, тој ни донесе значителна капитална добивка, а загубивме две финалиња.

-Само велам дека мора да има образование и почит, работите одеа напред, тоа е евидентно, но во одреден момент престанаа. Има операции кои не поминуваат, но ако има почит, никогаш не е проблем. Меѓутоа, кога криете или испраќате одговори преку други луѓе, размислувате да продолжите понатаму. За мене тоа е затворено поглавје од 8 јули, нема жалење, -истакна директор кој за фамозниот телефонски разговор со напаѓачот кратко искоментира:

-Тоа беше цврст повик, но ништо посебно. Му кажав на Ромелу што мислам, откако извесно време не можев да го слушнам, -заврши Аусилио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни