Поврзете се со нас

Свет

Ауди го суспендираше Абт поради срамниот потег за време на виртуелна трка

Објавено

на

Ауди реши да го суспендира германскиот возач Даниел Абт, откако тој призна дека ангажирал професионален гејмер да вози место него на виртуелна трка од Формула Е првенството.

Абт е член на Формула Е тимот на Ауди, а на неговото раководство очигледно воопшто не му се допаднал потегот на 27-годишниот пилот.

Абт веднаш се извини и беше казнет со парична казна од 10.000 евра кои треба да ги уплати во хуманитарни цели, но неговиот некоректен потег очигледно донесе удар и по реномето на производителот Ауди кој стои зад неговиот ФЕ тим.

На местото на Абт, во трката учествувал професионалниот гејмер Лоренц Хорцинг, а дури и на ваков начин Абт го освоил само третото место.

Поранешниот Ф1 возач Верњ се посомневал во вакво сценарио за време на трката, затоа што Абт немал освоено поени на претходните четири трки, по што побарал од Германецот да ја вклучи камерата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни