Поврзете се со нас

Германија

Атрактивните голови на Тел и Мусиала не беа доволни, Фрајбург освои бод против Баерн (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/scfreiburg

Баерн Минхен освои само бод на гостувањето кај Фрајбург (2:2) и му овозможи на лидерот Баер Леверкузен да биде во позиција да го зголеми водството по актуелното коло во Бундеслигата.

Тимот на Томас Тухел имаше лош почеток на мечот, а искусниот Гинтер донесе предност со убав удар од далечина во 12. минута.

Фрајбург не реализираше уште една голема шанса по контрата која ја завршуваше Грифо, а тој момент како да ги подосвести гостите, па Баерн ја презема иницијативата и до крајот на полувремето успеа да израмни со мајсторски погодок на Тел.

Младите ѕвезди на Баерн имаа своја вечер во Фрајбург, а во второто полувреме блесна Мусиала, кој се снајде убаво во противничкиот шеснаесетник и направи пресврт во 75. минута.

Иако Баерн беше блиску до важна победа, домашниот состав не се откажа од позитивен резултат, а таквиот пристап му донесе израмнување во 87. минута, кога Холер ги постави конечните 2:2.

Актуелниот шампион сега има седум бода помалку од Баер, но лидерот допрва ќе го одигра натпреварот со Келн од ова коло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни