Поврзете се со нас

Италија

Атрактивната Леман му се жали на Даглас Луиз: Правиме иста работа, а тој заработува 100 илјади пати повеќе

Објавено

на

Foto:instagram.com/juventuswomen

Алиша Леман важи за најатрактивна активна фудбалерка во овој момент, но и убедливо најпознта на социјалните мрежи каде има повеќе од 17 милиони следбеници на Инстаграм.

По своите настапи во Астон Вила, Леман реши да го следи чекорот на своето момче и заедно со Даглас Луиз премина во Јувентус, но висината на нејзиниот трансфер беше симболичен во споредба со оној на Бразилецот.

Јувентус издвои 50 милиони евра за бразилскиот репрезентативец, додека трнасферот на Алиша го чинеше клубот само 50 илјади евра, што е само уште еден доказ дека машкиот и женскиот фудбал се неспоредливи во секој поглед.

Таквиот тренд очигледно не и се допаѓа на популарната Леман, која сега во интервјуто за „Ла Република“ открива дека често знае да му се пожали на своето момче.

– Јас не се чувсвтвувам како ѕвезда, јас сум обична личност. По тренинзите, одам дома и готвам, ги правам истите работи како секој друг. Исто така, морам да признаам дека повремено му се жалам на Даглас. Сметам дека разликата во платата не е фер. Ја правиме истата работа, но тој заработува 100 илјади пати повеќе од мене, – вели Алиша.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни