Поврзете се со нас

Италија

Атрактивен гол на Јилдиз, Тудор дебитираше со победа на клупата на Јувентус (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Фудбалерите на Јувентус триумфираа над Џенова со 1-0 во првиот натпревар под водство на новиот тренер Игор Тудор.

„Старата дама“ дојде до посакуваните три бода во меч во кој и успеа да ја сочува својата мрежа што дефинитивно е многу значајно ако се земе предвид дека во претходните две рунда против Аталанта и Фиорентина прими дури седум гола во поразните од 4-0 и 3-0.

Најважниот момент на средбата која се одигра во Торино се случи во првото полувреме кога турскиот репрезентативец Јилдиз успеа одлично да се снајде и да постигне убав гол во 25 минута.

Ова за „бјанконерите“ е 14. славје во Серија А или вкупно 55 освоен бод со што е на 5. позиција на табелата зад Болоња која и денеска славеше против Венеција.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни