Поврзете се со нас

Репрезентација

Атрактивен гол на Андонова од слободен удар, Македонија славеше во Кишињев

Објавено

на

foto: ffm.mk

Женската репрезентација на Македонија издвојува победа над Молдавија од 4-2 во средбата од четвртото коло од Групата 2 во Лигата Ц за пласман на Европско првенство кое 2025 година ќе се одржи во Швајцарија.

За разлика од пред неколку дена и средбата во Скопје, избраничките на Андов беа далеку поефикасни, поефективни и интересно е тоа што на втор меч на гостински терен даваат по четири гола, односно претходно тоа им успеа и против Летонија (4-3).

Ние поведовме со автоголот на Бодичеану на самиот старт на натпреварот за да во периодот од 22 до 26 минута паднат по еден гол на двете страни и ние водиме со 2-1. Стрелец за нашата селекција беше капитенот Андонова која ја реализираше најстрогата казна.

Веќе во 43 поведовме со 3-1 преку Андреевска со што стана јасно дека сме на добар пат за позитивен резултат.

Молдавките не се откажаа и се вратија во игра во 59 минута, меѓутоа во 75 Андонова со најдобриот потег на средбата во Кишињев, мајсторија од слободен удар одново не однесе на плус два и ја запечати победата.

Со 7. бода сме на второто место на табелата зад Словенија која е перфектна по четири рунди.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни