Поврзете се со нас

Балкан

Атрактивен гол: Бабунски со мајсторски волеј ја погоди мрежата на Ботев Пловдив (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Дориан Бабунски постигна атрактивен гол за Ботев Враца на пресметката против Ботев Пловдив во првата лига на Бугарија.

Напаѓачот го одигра целиот меч, а својот погодок го даде во 78 минута кога со волеј ја намали предноста на домаќините, но и воедно го постави конечниот резултат 2-1. Ова за Дориан беше 7 првенствен гол со што е на делба на третото место на листата на стрелци со Сотириу од Лудоггорец и Чочев од ЦСКА 1948 Софија.

Ботев Враца со 13 бода е на 12 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни