Атракција за која сите зборуваат: Браун сакаше да го прелета Ембид, но постигна несекојдневен кош со кој ја здиви публиката во Бостон (Видео)

Jaylen Brown

Новата сезона во НБА лигата започна со две домашни победи на Бостон Селтикс и Голден Стејт Вориорс кои пред своите гледачи беа подобри од Филаделфија 76, односно Оклахома Сити Тандер.

Џејсон Тејтум со 23 поени, 9 скокови, 3 асистенции и Стеф Кари со 32 поени, 8 скокови и 9 асистенции беа играчите кои ги одбележаа победничките состави, но кога се во прашање потезите изборот е поинаков.

Од НБА ја објавија стандардната Топ 5 листа во кое има место за Розир, Симонс, Ембид, Џонс и Браун од Бостон кој ја има атракцијата, најдобриот потег на денот. Имено Џејлен во четвртата четвртина успеа да постигне еден чуден, несекојденвен кош и тоа откако тргна да го прелета Ембид, ама притоа доби „банана“, меѓутоа топката успеа да заврши во кошот и на тој начин ја крена на нозе публиката во „Ти-Ди Гарден“.

Facebook Коментари