Поврзете се со нас

Европски првенства

Атракција на Белингам во „последен час“, Англија со два шута до четвртфинале на ЕП (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/England

Селекцијата на Англија со доста мака успеа да обезбеди битка со Швајцарија во четвртфиналето на 17. Европско првенство.

Англичаните се изборија за тешка победа над Словачка од 2-1, победа остварена по дополнителните 30 минути на соочувањето во Гелзенкирхен.

Избраниците на Саутгејт беа пред елиминација од турнирот, но во 95 минута Белингам изведе атракција, мајсторија со ножички за 1-1 и нов живот на националниот тим. Само што започна првото продолжение Кејн се најде на вистинското место и стрелаше за комплетен пресврт и 2-1.

Словаците се обидуваа да се вратат во игра, а најдобрата шанса за 2-2 ја пропушти Пекарик во 105 минута.

На крајот „трите лава“ со двата шута во рамките на голот на противникот дојдоа меѓу осумте најдобри каде ќе треба да поправат многу работи ако сакаат да ја елиминираат Швајцарија која на овој турнир покажа дека е репрезентација за почит, се надигруваше со Германија која едвај се спаси од пораз со нив, а пак вчера и одржаа лекција на Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни