Поврзете се со нас

АТП

АТП потсети на подзаборавено ремек-дело на Надал: Лудоријата на Рафа од 2005. година (Видео)

Објавено

на

Во моменти кога тенисот е во длабока пауза и кога неизвесно е кога повторно ќе ги гледаме најдобрите играчи на најсилните турнири, медиумите и асоцијациите специјализирани за „белиот спорт“ се обидуваат да ги анимираат големите фанови на оваа игра, објавувајќи посебни видеа од минатото.

Во текот на денешниот ден, исклучиително актуелна стана објавата на АТП тенис ТВ, во која е прикажана како тинејџерот Рафа Надал ја стигнуваше секоја топка.

Рафа во овој момент е еден од играчите кои се најголеми скептицизми за враќањето на тениската програма, но тоа не значи дека не треба да се потсетиме на една негова подзаборавена мајсторија од која застанува здивот.

Тенис ТВ прави избор на најдобри освоени поени од почетокот на 2000-та година, а во оваа листа, не можеше да нема место за оваа магија на Надал.

Станува збор за Мастерс турнирот во Рим од 2005-та година, на кој Рафа ја изведе следната лудорија во меч против Штепанек.

 

View this post on Instagram

 

Rafa’s greatest ever ATP shot?! Throwback to Rome 2005 😯 . #tennis #tennistv #nadal #rome

A post shared by Tennis TV (@tennistv) on

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни