Поврзете се со нас

АТП

АТП нема да доделува поени за Вимблдон, Ѓоковиќ ќе го загуби првото место на ранкингот

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ ќе остане без статусот на светски рекет број еден по Вимблдон, бидејќи АТП реши да не доделува поени за пласманот на годинешното издание на овој грен-слем турнир.

Овој потег е реакција на одлуката на Вимблдон да им забрани учество на тенисерите и тенисерките од Русија и Белорусија, а АТП и ВТА се сложиле дека пласманот не треба да биде бодуван за АТП ранкингот.

Ѓоковиќ ќе биде најголем губитник бидејќи не може да брани 2.000 поени освоени минатата година, а тоа е голема бројка поради која не може да го задржи првото место.

Данил Медведев и Александер Зверев лани стигнаа само до четвртото коло и ќе загубат по само 180 поени на првиот ранкинг објавен по завршувањето на Вимблдон.

Доколку нема промени, Ѓоковиќ ќе падне на третото место, а годинешното издание на Вимблдон започнува на 27. јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни