Поврзете се со нас

АТП

АТП направи огромна промена во системот за рангирање до крајот на годината

Објавено

на

Асоцијацијата на тениски професионалци ја замрзна АТП листата во месец март поради пандемијата со коронавирусот, а сега пред враќањето на тениската турнеја, одговорните луѓе оценија дека е потребно да се направи ревидиран систем за рангирање.

АТП објави дека системот за рангирање ќе биде далеку поразличен од обичниот по закажаниот рестарт на тениската сезона на 14-ти август, според кој во обзир ќе се земат остварените резутлати на тенисерите во последните 22 месеци.

Поточно, во официјалниот преглед ќе се земат остварените резултати од март 2019-та година до декември 2020-та година, со тоа што ако играчот оствари полош резултат на турнирот, ќе може да си ги задржи бодовите од минатата година. Ова во принцип значи дека ниту еден тенисер нема да има помалку бодови од оние што ги има, или поточно може само да напредува на АТП листата.

Најлесен за објаснување е примерот на Рафаел Надал, кој всушност е бранител на двата грен слем турнира кои планирано е да се одиграат.

Рафа ги брани титулите на Ролан Гарос и Ју-Ес Опен, па и во случај да не ги освои, нема да загуби бодови, односно ќе му се смета резултатот од минатата година.

Исто така, доколку на крајот не се одиграат турнирите, ниту еден играч нема да загуби бодови и тоа ќе трае така до почетокот на сезоната во 2021-ва година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни