Поврзете се со нас

АТП

АТП ќе ги ограничи тоалет паузите за тенисерите

Објавено

на

Тенисерите ќе добијат ограничување за должината на паузите за тоалет од почетокот на 2022 година, со што ќе биде ставен ред во однос на меѓусебните обвинувања за прекршување на фер плејот.

Од стартот на следната година, АТП ќе ги ограничи тенисерите на една пауза во текот на мечот, истата ќе трае три минути и ќе започне откако играчот ќе стигне до тоалетот.

Дополнителни две минути ќе им бидат дозволени на тенисерите за евентуално менување на облеката за време на паузите.

Паузите ќе можат да бидат побарани само меѓу два сета, а идејата на АТП е да завршат обвинувањата на дел од тенисерите дека нивните колеги бараат паузи во клучни моменти, а ги користат и за комуникација со тренерите.

Најжестоки беа критиките на сметка на Стефанос Циципас, кој доби замерки од Александер Зверев и Енди Мари за неговото однесување за време на Ју-Ес Опен и Мастерсот во Синсинати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни