Поврзете се со нас

АТП

АТП го објави ревидираниот календар со турнирите кои се планирани до крајот на годината

Објавено

на

Тенисерите очекуваат продолжение на сезоната по долгата пауза изнудена од коронавирусот, а рестартот е закажан во Њујорк и тоа на Мастерсот Синсинати, кој годинава принудно се одржува на друга локација.

Денеска АТП го објави ревидираниот календар со планираните турнири до крајот на календарската година, со што тенисерите имаат појасна слика за турнирит на кои можат да настапуваат, вклучувајќи ги грен-слем предизвиците Ју-Ес Опен и Ролан Гарос.

Од Мастерс серијата чија победа носи 1000 поени, покрај Синсинати остануваат уште само турнирите во Рим и Париз, а од АТП 500 серијата во календарот се турнирите во Виена, Хамбург и Ст. Петерсбург.

Најблиску до нашата земја, АТП серијата ќе биде во Софија, во рамките на АТП 250 турнирот во бугарската престолнина кој ќе се одржува од 9 ноември, односно пред завршниот турнир во Лондон, чиј старт е закажан на 15 ноември.

Од АТП на овој начин потврдија дека годинава ќе го нема „Некст Џен“ турнирот кој традиционално се игра во Милано и каде настапуваат најдобрите млади тенисери од турнејата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни