Поврзете се со нас

Англија

Атомски фудбал на „Енфилд“ и резултат кој најмногу ги израдува фановите на Арсенал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Големото дерби на „Енфилд Роуд“ ги исполни очекувањата и Јирген Клоп и Пеп Гвардиола режираа извонредна претстава во својата последна меѓусебна битка во Премиер лигата, па на крајот пријателски завршија во прегратка откако натпреварот заврши со конечни 1:1.

По се што беше видено на теренот, двата постигнати гола беа премалку за неутралните фудбалски фанови, но сите што го гледаа мечот во Ливерпул не останаа пократки за возбудувањата бидејќи се играше атомски фудбал до 100-та минута.

Дербито подобро го отвори Манчестер Сити и заслужено дојде до предност по еден луциден корнер кој го изведе Кевин Де Брујне, а при кој извонредно снаодлив беше и Џон Стоунс.

Ливерпул се обиде да одговори и имаше две добри шанси да стигне до израмнување уште до полувреме, но откако не го направи тоа, дочека голема грешка од Аке на стартот на вториот дел.

Дефанзивецот на Сити лошо ја врати топката до Едерсон и овој направи прекршок врз Дарвин, по што МакАлистер ја презема одговорноста и погоди за 1:1 од белата точка. По ова, моментумот беше на страна на Ливерпул и тимот на Јирген Клоп беше уште поопасен со Мо Салах на теренот, а Колумбиецот Дијаз не реализираше две стопроцентни шанси за втор гол на домашниот тим.

Од 65-та до 80-та минута, темпото спласна и играчите полека губеа сила, па на сцена стапија измените и Жереми Доку ја имаше најзрелата шанса за втор гол на Сити, но ја погоди само стативата. Во судиското продолжение, Ливерпул се закани со уште неколку корнери, но одбраната на Пеп Гвардиола беше на висина на задачата, исто како и голманот Ортега кој го замени Едерсон кој се повреди при дуелот со Дарвин.

Од поделбата на бодовите на „Енфилд“, најмногу профитираше Арсенал кој сега е прв на табелата со 64 бода, исто толку има и Ливерпул, додека Сити има еден помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни