Поврзете се со нас

Италија

„Атомската мравка“ може да му биде соиграч на Пандев во Џенова

Објавено

на

Тимот на Џенова и во наредната сезона ќе биде дел од елитната конкуренција во Серија А, па веќе размислува за потезите кои ќе ги повлече во преодниор рок.

Најновоте информации кои доаѓаат од Апенините и тоа од трансфер експертот на „Спортиталија“, Алфредо Бедула велат дека нов соиграч на нашиот Горан Пандев може да биде подзаборавениот Себастијан Џовинко.

Џовинко кој сега има 33 години, своевремено беше еден од најталентираните играчи, играч од кој многу се очекуваше, ама тие високи очекувања не ги исполни, па од 2015 игра надвор од Европа, прво во Торонто за да сега е дел од Ал Хилал.

Меѓутоа популарната „атомската мравка“ сака да се врати дома, се водат преговори и може лесно да се случи да потпише за Џенова. Тој е подготвен и да ги намали своите примања, плата за да се оствари овој трансфер.

Во Италија претходно играше за Јувентус, Емполи и Парма.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни