Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико во двојна битка: Соочување со Интер за четвртфинале, но и битка со Барселона за место на клупското СП

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Атлетико Мадрид вечерва има незгоден противник во Интер во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, а исходот на средбата и двомечот има посебно значење за шпанскиот тим.

Атлетико е блиску да стане уште еден потврден патник на Светското клупско првенство во 2025 година, но за тоа да биде потврдено, ќе треба да го задржи подобриот скор во однос на големиот ривал Барселона.

Избраниците на Чави обезбедија три бода на ранкингот со вчерашната победа над Наполи и пласманот во четвртфиналето, па го намалија заостанувањето на три бода (62:59).

Сепак, доколку Атлетико го победи Интер и се пласира во следната рунда, повторно ќе се врати на плус шест, правејќи ја задачата на Барса многу потешка.

Покрај престижниот настап на СП со нов формат следната година, во игра се околу 50 милиони евра кои веројатно ќе им припаднат на учесниците, а сумата може да порасне во зависност од пласманот на клупскиот мундијал.

Дури и вечерва да се случи елиминација на Атлетико, Барса мора да стигне барем до полуфиналето на ЛШ за да собере повеќе поени и да го „украде“ преостанатото слободно место за клупскиот мундијал.

Секоја победа носи два поена, додека ремито и пласманот во следната рунда носат по еден поен. Ако двата клуба имаат ист број поени, тогаш одлучува најдобриот пласман последните четири сезони, а Барса со полуфинале би била подобра од евентуалниот пласман на Атлетико само во четвртфиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни