Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико со жестока објава против Реал: Машинеријата ќе уништи се што ќе се најде на патот! (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Црната кампања на Реал Мадрид против Хосе Мунуера Монтеро предизвика низа реакции во Шпанија, но целата ситуација отиде на далеку повисоко ниво, откако шпанската Фудбалска Федерација ангажираше специјална комисија за да отвори истрага против главниот арбитар.

Новоформираната вонредна комисија ќе треба да испита дали фирмата која ја има оформено Мунуера се коси со правилата на Ла Лига за конфликт на интереси, а доколку се докаже дека Монтеро давал услуги на Ла Лига и УЕФА преку својата спортско констултантска агенција, очекувањата се да добие огромна казна.

Овој притисок кој се врши во изминатите неколку дена донесе и смртни закани кон него и неговото семејство, па во целата оваа епизода, во одбрана на шпанскиот судија застана Атлетико Мадрид.

„Колчонеросите“ жестоко го нападнаа својот градски ривал од Мадрид за притисокот кој го извршија кон Мунуера, кој сега може да остане и без работа после натпреварот кој го судеше на Ел Садар.

– Машинеријата веќе работи неколку недели и планира да уништи се што ќе се најде на патот. Да видиме кој ќе биде храбар да испорача правда, кога знае дека може да биде следниот…… Престанете со вознемирување на судиите веднаш!, – гласи пораката на Атлетико упатена до Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни