Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико со пресврт до голема победа над Џирона (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Атлетико Мадрид ја пречека Џирона во дуел на два тима кои жестоко се борат за влез во Лигата на шампионите, а на крајот се радуваа домаќините кои влегоа како фаворито на „Метрополитано“.

Џирона влезе во лоша динамика на резултати на гостински терен и веќе не е кандидат за титулата во Ла Лига, па јасно е дека до крајот на сезоната ќе се обиде да обезбеди место во топ четири.

Каталонскиот тим останува на третата позиција по 31-то коло, но Атлетико сега има само четири бода помалку, откако денеска славеше со пресврт на домашен терен.

Џирона рано поведе со голот на Довбик и ја предизвика четата на Диего Симеоне, но Атлетико се врати до крајот на првиот дел со два гола на Гризман и Кореа.

На стартот на вториот дел, Атлетико поведе со 3:1 со вториог гол на Гризман, па така уште тогаш беше јасно дека Атлетико ќе ги освои трите бода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни