Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Атлетико со освоен бод стави крај на рекордната серија на Баерн, Интер остана „жив“ во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Атлетико Мадрид стави крај на рекордната серија на БАерн Минхен во Лигата на шампионите, но тоа не беше доволно за да се оствари победа, бидејќи европскиот првак и со комбиниран тим на крајот успеа да се избори за реми.

Баерн Минхен имаше рекордна низа од 15 победи во низа во Лигата на шампионите, на која вечерва и дојде крај откако тренерот Ханси Флик одлучи да одмори три големи ѕвезди од првиот тим. Сепак, и во таква ситуација, германскиот великан не загуби на „Ванда Метрополитано“ иако речиси цел меч имаше негатива по раниот гол на Жоао Феликс, откако во завршницата гостите добија пенал кој го реализираше Томас Милер.

Баерн веќе одамна обезбеди пласман во осминафиналната рунда во Лигата на шампионите и овој меч за Германците беше само рутина, додека Атлетико не ја искористи незаинтересираноста на противникот, па сега во последното коло во директна пресметка со Салцбург ќе се решава за вториот патник во нокаут фазата.

Таму ќе го гледаме и Ливерпул кој денеска го победи Ајакс со минимални 1:0, но кога е во прашање шестата рунда од групната фаза, убедливо највозбудливо ќе биде во групата Б.

Во последното коло, сите четири тима влегуваат со шанси за пласман во осминафиналето, откако Интер вечерва остана „жив“ и победи на гостувањето кај Борусија Менхегладбах со 2:3 со двата гола на Лукаку и еден на Дармијан.

Натпреварот беше крајно драматичен, а на крајот имаше и една спорна одлука бидејќи на Германците им беше поништен гол за 3:3. Плеа по трет пат ја затресе мрежата на Хандановиќ, но судијата Макели процени дека еден од неговите соиграчи го попречил видикот на Хандановиќ и досуди офсајд.

Интер на овој начин остана со шанси за пласман во осминафиналето и покрај тоа што ја оствари првата победа во петтото коло, па сега ќе мора да го победи Шахтјор во завршната рунда, но да чека и победа од Реал Мадрид над Борусија Менхегладбах.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни