Шпанија
Атлетико со официјално соопштение: Се направи огромен преседан во корист на Барселона
Врховниот совет за спорт ги помилува Дани Олмо и Пау Виктор и дозволи нивна пререгистрација од страна на Барселона, одлука која дефинитивно се коси со правилата кои ги наметнуваат Ла Лига и шпанската Федерација, но кои остануваат во втор план поради влијанието кое го има националното тело.
Оваа одлука наиде на доста коментари во шпанската спортска јавност и има низа клубови кои сметаат дека се користат двојни аршини во различни случаи, а најдиректни беа од Атлетико Мадрид со испратено официјално соопштение преку социјалните мрежи.
– Спортското право постои за да ја штити економската контрола со која Ла Лига одржува ред. Одлуката на врховниот совет го доведува во прашање сето ова. Досега оваа алатка беше најсилен адут на Ла Лига, станува збор за правило кое не направи успешни на меѓународна сцена.
– Нашиот клуб, како и сите останати во Шпанија се држеа до правилата и ги почитуваа економските прописи. Не само што ќе го направиме тоа, туку ќе го зголемиме и капителот за дополнително да напредуваме како клуб.
– Сепак, секој клуб треба да работи самостојно. Владината интервенција во случајот со Олмо и Виктор е опасен преседан, со ова се отвори врата за кршење на правилата и од други клубови. Правилата треба да бидат еднакви за сите, бидејќи ако не биде така, нашето првенство станува нефер натпреварување, – гласи објавата на Атлетико.
-
Италија12 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Италија24 часа
Второто зимско засилување за Мота пристигнува од редовите на ПСЖ
-
АТП23 часа
Медведев со лудачка изјава за својот ривал: Ако продолжи да игра вака, ќе има многу пари и жени во животот (Видео)
-
Англија22 часа
Селс правеше чуда на голот, Ливерпул вторпат не успеа да го победи Нотингем (Видео)
-
Светски првенства10 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Англија22 часа
Сити прокоцка „добиен меч“, Џејмс го спаси Челси со мајсторија во 95. минута (Видео)
-
Англија13 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Шпанија21 час
Димитриевски одново сочува „чиста мрежа“, Валенсија прв четвртфиналист во Купот (Видео)