Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико со доминатно издание ја прекина низата на Валенсија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Атлетико Мадрид е недопирлив на домашен терен и изгледа како сосема друг тим кога игра на „Метрополитано“, нешто што го докажа и против тимот од кој претрпе тежок пораз во првиот дел од сезоната.

Валенсија го „нокаутираше“ Атлетико на домашната „Месталја“ и во месец септември славеше со 3:0, но избраниците на Диего Симеоне денеска им се реваншираа на „лилјаците“ и со доминантно издание остварија рутинска победа.

Атлетико беше подобар ривал во секој фудбалски елемент и постојано го напаѓаше голот на Мамардашвили, меѓутоа отпорот го скрши во петтата минута од продолжението во првиот дел.

Антоан Гризман испрати извонредно додавање и Самуел Лино погоди за 1:0, по што работите за домашниот тим станаа многу полесни.

Валенсија мораше да се отвори на стартот на вториот дел и да игра похрабро, но така остави простор за против напади, а по еден таков Мемфис Депај стрелаше со 2:0.

Ова се случи во 57-та минута и Атлетико се задоволи со ова водство, па иако Валенсија се обиде да постигне почесен гол, сепак не можеше да спречи прв пораз во Ла Лига по пауза од пет меча (имаше четири победи во низа и едно реми со Барселона).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни