Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико се разбуди во „последен час“ и избегна сензација во Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/marca

Атлетико Мадрид игра во одлична форма и многумина очекуваа вечерва рутински да ја заврши обврската и лесно да се пласира во 1/16 финалето во Купот на Шпанија со оглед на тоа што за противник го имаше нисколигашот Касерено.

Меѓутоа се случи спротивнито и избраниците на Чоло Симеоне мораа добро да се испотат за да избегнат сензација и испаѓање од ова натпреваврување.

Имено прволигашот губеше со 1-0 се до 83 минута кога започна пресвртот со погодокот на нововлезениот Ленгле. Потоа се беше полесно за Атлетико кој од 85 минута имаше и играч повеќе на теренот, па аргентинските репрезентативци Де Пол и Алварез во судиското продолжение реализираа за конечни 3-1.

Место во наредната фаза обезбеди и Осасуна со тежок триумф над Сеута од 3-2.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни