Атлетико прекина неверојатна серија на Реал Мадрид

benzema-sc

Атлетико Мадрид го совлада градскиот ривал Реал Мадрид во Суперкупот во Талин, а самото ривалство меѓу двата клуба и фактот дека е освоен значаен трофеј доволно зборува за важноста на успехот на момците на Диего Чоло Симеоне.

Но, она што го прави триумфот преку продолженија уште поважен е неверојатната серија која Атлетико ја прекина и поради која Реал Мадрид години наназад изгледаше како претплатен на меѓународни успеси.

Поточно, Реал немаше загубено интернационално финале уште од 2000. година кога загуби од Бока Јуниорс во Интерконтиненталниот куп. Оттогаш, шпанскиот великан освои пет европски титули, четири трофеи во европскиот Суперкуп и четири титули во Интерконтиненталниот куп, односно Светското клупско првенство.

Facebook Коментари